Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека е дојдено времето ДУИ да замине во опозицијата. Партијата две децении е на власта во Македонија, со исклучок на периодот од 2006 до 2008 година.Што е многу многу е.

Мицкоски предложи да влезе во една широка влада која ќе ги изгласа уставните измени и ќе ја подготви земјата за предвремени избори.

Зачудувачки е што денеска Ковачевски не се изјасни дали поддржува ДУИ да не биде дел од евентуалната влада, туку нагласи дека не може да зборува во туѓо име.

Но, зачудува реакцијата на партијата од Мала Речица дека се подготвени да ја напуштат Владата само да се изгласаат уставните измени. Османи во реакцијата вели „до изборите“, па прашуваме од каде тој знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја земе ДУИ во идната Влада?

ВМРО-ДПМНЕ пак ја поздравува подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција и како што велат, останува уште да се согласат на одложена примена на уставните измени откако Македонија ќе влезе во ЕУ.

-Го поздравуваме ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале неќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни, подвлекуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.