Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе учествува на традиционалната годишна манифестација во Скопје, додека фракцијата на партијата организира митинг во Тетово.

Традиционалната прослава на годишнината од основањето на партијата ќе се одржи во хотелот Александар Палас. За разлика од другите години, овојпат ќе се организира дебатен панел со наслов „Европски фронт“ на кој ќе говори лидерот на партијата Али Ахмети, а поканети ќе бидат и поранешната министерка Радмила Шекеринска, професорот Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, поранешната министерка и поранешна градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи и други. По средбата Ахмети ќе им се обрати на сопартијците на традиционалниот коктел.

Партиските фракционери од таканаречената Огнена група ќе ја одбележат 21-годишнината на партијата на пригоден настан во близина на Центарот за култура во Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.