Залутаната и изгубена опозиција, во служба на проруската агенда, продолжува со напорите да внесе раздор кај Албанците преку лажни вести и измислици, секогаш во служба на ВМРО и Левица. Во недостиг на програма и претчувствувајќи го длабокиот пораз, Европскиот фронт ја изразува својата длабока загриженост дека Изет Меџити и другите деривати на Москва, по секоја цена сакаат да ги претстават Албанците како криминален и корумпиран фактор во Македонија, се вели во партиското соопштение на ДУИ.

Во нашата земја сите знаат,особено Албанците од Скопје и пошироко, дека Изет Меџити и неговиот партнер Рафет Муминовиќ, се татковци на коцката, казината и обложувалниците.

Токму Изет Меџити и неколкумина албански пратеници построени со руската агенда, не го изгласаа Законот за затворање на игрите на среќа и покрај повиците и барањата на Движењето против коцкањето.

Единствената причина за ова е што Изет и Рафет се ортаци инструирани од ВМРО-ДПМНЕ, а нивната основна цел е да го заштитат криминалниот монопол од кој се финансираат, се вели во соопштението на ДУИ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.