Времето за тактика истекува. Следните 10 дена се чини се денови кога шефот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ќе треба да си ја помачи главата затоа што треба да ја донесе конечната одлука за патот по кој ќе тргне партијата. Дали тоа ќе биде „Европскиот фронт“ заедно со ДУИ, или пак ќе го „сврти воланот“ кон албанската опозиција – Европскиот сојуз за промени или сепак ќе биде третата опција, за самите да излезат на избори.

ТВ 21 повикувајќи се на свои извори објави дека Таравари не мисли дека АА треба да излезе со заеднички листи со ДУИ, но ваквиот негов став е во спротивност со оној на Села-Лога кои се „за“ ваква соработка.

Најверојатно ова ќе стане „несогласување“ меѓу трите најзначајни фигури на партијата, претседателот Таравари, претседавачот со партиското собрание Зиадин Села и генералниот секретар Кренар Лога.

ИЗвори на телевизијата брифираат и дека Таравари повеќе се залага за опцијата АА да влезе во ЕСП, а оваа позиција е уште позасилена по средбата со Албин Курти.

Каква е понудата на ДУИ и ЕСП до АА, која се чини стана „клуч“ на победата на двата ривалски табора?

Според извори на ТВ21, на средбата Ахмети – Таравари во Гостивар, лидерот на интегристите му понудил 8 заменици и 5 градоначалници. Но, пред оваа понуда, Таравари очигледно ќе се замислеше, бидејќи најголем дел од кандидатите за пратеници ќе бидат доверливите на Села-Лога.

Од друга страна, како што објавиТВ21  здружената албанска опозиција ЕСП му понудила 5 пратеници (парламентарна група), а се зборува и за понуда од 2 до 5 градоначалници, како и Таравари да избере кандидат за претседател од редовите на опозицијата.

Доколку АА се приклучи на албанската опозиција, тогаш ќе биде интересна трката на парламентарните избори во мај, бидејќи опозицијата се натпреварува и со поддршка од градоначалниците на општините Чаир, Тетово и Гостивар, Висар Ганиу, Биљал Касами и Арбен Таравари.

Што се однесува до носителите на листата на ЕСП, се подразбира дека лидерите на трите коалициски партии – Изет Меџити (ДД) во единица 1, Африм Гаши (АА) во единица 2, Билал Касами (ДБ) во единица 6, (може и овде да води ако им се приклучи), додека во 5-та единица се шпекулира дека носител ќе биде Беким Ќоку или Фатмир Лимани.

Инаку, името на Руфи Османи се шпекулира како можен опозициски кандидат за претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.