„Демократска унија за интеграција го поздравува претседавањето на Македонија со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација. ДУИ оценува дека ова е голем успех во планот на нашата земка во меѓународната арена“ соопштуваат од владејачката партија.
Оттаму порачуваат „под слоганот „За луѓето се работи“ фокусот на претседавање ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. 2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на Република Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност“.
„Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план“ се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.