Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска го собрал тесното претседателство на партијата како подготовка за утрешниот состанок на централното претседателство. З

За време на овој состанок, беше дискутирано за лажната пропаганда и обвинувањата за корупција на високо ниво. Како партија, посветени сме борбата против корупцијата да не се претвори во битка за дневни и партиски интереси, туку да служи за откривање на вистината и спречување на овој штетен феномен, велат од ДУИ.

Тие додаваат:

Оттука ги повикуваме сите политички партии, особено оние на власт, без одложување да побара меѓународната заедница мониторинг за сеопфатен ветимг на сите јавни функционери во последните 30 години.
Овој чекор е клучен за зголемување на транспарентноста и враќање на довербата на граѓаните. Одбивањето на ова итно барање ќе покаже не само користење на лажни обвинувања за прикривање на вашата неспособност и коруптивност, туку и недостаток на храброст за соочување со вистината за корупцијата во земјата.
Ги повикуваме политичките субјекти меѓународната заедница да делува сега за да го поддржи овој процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.