Откако лидерот на ВМРО-дпмне, Христијан Мицкоски изјави дека актуелниот претседател, Стево Пендаровски, не може да победи ниту на избор за претседател на куќен совет, реагираше Пендаровски:
Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг.
Тој коментира дека после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски имал двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски.
Во македонската политичка историја, претседателите на најголемите политички партии секогаш имале двојно повисок личен рејтинг од партиите кои ги воделе. Ова беше случај и со Бранко Црвенковски и со Зоран Заев кај СДСМ, и со Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кај ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е единствениот исклучок затоа што има 50% понизок рејтинг од партијата која ја предводи. Впрочем, најпрецизен индикатор за личниот рејтинг на Мицкоски е последната анкета на фондацијата ИРИ, на која претседателот Пендаровски има најголема доверба, а Мицкоски не се наоѓа ниту меѓу првите петмината на листата – реагира Пендаровски.
Возврати ВМРО-ДПМНЕ:
Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови.
Велат наместо да се фрустрира од изјавите на Мицкоски, Стево Пендаровски да се запраша каде е коренот на неговиот личен рејтинг и непрепознатливост.
Ако се потруди одговорот сигурно ќе го најде кај неговиот поданички однос кон Ковачевски и Ахмети, кои многу пати до сега не му дозволиле да се согласи со сопствениот став, па мора да менува изјави согласно диктатот од Зајас или Илинденска. Навистина е трагично во што се претвори Стево Пендаровски, а уште пожално е за позицијата која ја извршува.
Пендаровски е човекот кој сама кажа дека го составувал предлогот кој прерасна во бугарски диктат за промена на уставот, тој е човекот кој трчаше да ги потпише измените во КЗ, и слеп извршител на сите наредби на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.