По обработката на податоците и објавувањето во сетови, Државниот завод за статистика ја подготви и првата публикација од Пописот 2021 во која се содржани клучните показатели за населението, домаќинствата и становите во Македонија.
Преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите – на ниво на целата држава, но и по општини.
Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.
Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото: „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.