Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран вчера во 22.43 часот во близина на границата на Македонија со Грција. Најсилно тресеше во Битола и околината, а потресот се почувствува низ целата земја.

По тој земјотрес уште четири ја потресоа Грција, објави веб-страницата на Европскиот сеизмолошки институт, со јачина од 3,1 до 4,2 степени.

Засега податоците велат дека има само помали материјални штети, без повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.