Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од ДПИ потсетуваат дека овие денови се неработни согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република  Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година.

За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите, се вели во соопштението од ДПИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.