На ниво на државата досега се заменети 1.050.000 патни исправи, 900.00 лични карти и 480.000 возачки дозволи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на Министерството за внатрешни работи го посети пунктот во Полициската станица „Пролет” каде граѓаните можат да направат промена на личните документи, без претходно закажување.
Спасовски информираше дека се инсталирани 10 нови работни станици, каде што ќе можат граѓаните да извршат сликање за документите. Причина за отварањето на пунктот, како што посочи во изјава за медиумите, е бројноста на населението во Скопје и фактот дека на околу 70 проценти од закажаните термини граѓаните не се појавуваат, а притоа презакажуваат нови термини.
За поздравување е тоа што граѓаните од внатрешноста на државата дури над 80 проценти ги имаат направено промените на личните документи. Причина за отворањето на овој нов пункт беше бројноста на населението во Скопје, како и фактот дека околу 70 проценти од закажаните термини коишто ги имаат граѓаните резервирано преку телефонскиот број или по електронски пати ги откажуваат, односно не се појавуваат на тие термини, а притоа се презакажуваат со нови термини и на тој начин практично се одлага процесот. Затоа како раководство на МВР одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните, да создадеме можност за започнување на процедурата без закажување на редовната постапка, туку со лично појавување во салата по принципот „прв дојден, прв услужен – рече Спасовски.
Системот е тестиран, вели Спасовски, и овозможува по околу 1000 лица за период од еден работен ден да ја поминат процедурата. Работното време на пунктот е од 08.00 до 18.00 часот, со можност за продолжување до 20.00 часот. Министерот апелираше до граѓаните да имаат трпение и разбирање кон службениците во управните служби при остварување на својата обврска за промена на личните документи со овој забрзан систем на промена на документите, почитувајќи го редот и дисциплината во објектот.
На 13 и 14 овој месец, пред официјалното пуштање во употреба на пунктот, биле примени околу 1000 барања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.