До денеска (16.02.2024) доставени се 4.355 лични карти на домашна адреса, соопшти дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој ги посети управните служби на МВР во зградата на Македонска телевизија, со цел да изврши увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

Овој процес започна на 17 јануари и веќе тече еден месец. На мое големо задоволство, како што бев информиран од страна на раководството, граѓаните одговараат многу позитивно на овој процес, при што само 5% од граѓаните не се најдени на домашна адреса за достава. Во рамките на овој период доставени се 4.332 лични карти на домашна адреса на граѓани – рече Бојмацалиев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.