Откако беше откриено дека нашите деца ќе учат дека Монт Еверест е висок 22 километри и дека Албанија на Македонија ѝ е источен, а Бугарија западен сосед, вчера е откриено дека нашите експерти по географија се „истакнале“ со уште една грешка во учебниот материјал за основците.

Станува збор за лекција во која се опишува Португалија. Текстот е во ред, но во левиот горен агол на страницата се забележува знаме, кое според авторот на овој учебник, треба да биде знамето на Португалија.

Но, веднаш се забележува дека тука нешто не е во ред, а тоа е дека ова знаме е знамето на Шпанија, а не на Португалија.

Еве како навистина изгледа знамето на Португалија:

Португалија и Шпанија навистина се соседни земји, но тоа не е причина децата да учат погрешни знамиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.