Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека уште една лага од СДСМ и ДУИ, падна во вода. Лага која секојдневно беше лиферувана по владините медиуми, во врска со таканаречените делчевски ниви.

Нивните лаги ги потврди дури и нивното обвинителство, кој тие го контролираат, во недостиг на ни еден доказ, со кој се потврдува лажното обвинение, кое беше конструирано од власта.

 

Самиот документ го потврдува тоа кој гласи:

 

„По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказот на осомничените, како и сите обезбедени материјали, во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела“.

 

По ова сега, докажано како измислено обвинение, без докази, очекуваме по истото да се произнесе власта и во најмала рака да се извини пред народот, за лажните обвинувања, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.