Македонија и Бугарија постигнале компромис за надминување на спорот околу содржината на Преговарачката рамка со која Скопје треба да ги води преговорите со ЕУ. Оваа вест попладнево од Мадрид ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

Според информации на Дојче Веле, во Мадрид на овие теми разговарале двајцата министри за надворешни работи Теодора Генчовска и Бујар Османи.

Двете спорни точки биле околу одржувањето на двете меѓувладини конференции- првата „политичка“ и втората формална по која всушност и би почнале пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Бугарија бара на почетокот на преговорите да им претходи промена на Уставот со кои ќе се овозможи впишување на Бугарите како конститутивен народ.

Втората спорна точна е внесувањето на Протоколите од меѓувладините состаноци во Преговарачката рамка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.