Според последниот член, Договорот од Преспа не може да се преговара ниту, пак, може да се направи нов договор. Тоа е една крајна одредница со која нашиот идентитет е трајно изменет. Кога имаме еден таков еден договор со кој се кршат највисоките норми на меѓународното право, со кој една нација се оспорува и се крши принципот на самопределување и само идентификација.
Сиве овие работи се гарантирани со членот 1 од Повелбата на Обединетите нации и се влезени во сите документи со кој се гарантираат основните човекови права, објаснува професорот Игор Јанев, еден од најдобрите познавачи на меѓународното право во интервуто за „Република“
Кога се работи за кршење на основните колективни човекови права, никој на никого не може да му оспори идентитет, или одземе или наметне, ниту пак да се врши национална асимилација, ниту пак да се негира идентитет на некој што има претстава за својот идентитет-објаснува професорот по меѓународно право од Белград
Јанев објаснува дека со Договорот не смени само името на државата туку и други работи.
Се менува и самиот идентитет.Со промена на идентитетот пак не навлезе во свера на културен геноцид и затоа тој договор мора да се раскине.
Тој е убеден дека овој договор може да се раскине или поништи.
Договорот е раскинлив ако е тој геноциден, културоциде, етноциден итн..Сите тие геноцидни договори се раскинливи.Меѓутоа Грците не го гледаат како геноциден договор туку како нормална спогодба која нема ништо неправно кон нив.Затоа говорат дека договорот е нерасккинлив.Тој договор хлагрантно го крши принципот на културен суверинитет и затоа еднострано може да се раскине од наша страна со еднострано праќање на писмо до другата страна.
Професорот е убеден дека Грција нема намера да оди повторно на суд откако ја изгубија тужбата од Македонија во судот во Хаг пред дестина години.
Ова само обид да се исплаши нашата страна.Договор што е раскинат по член 53 и 64 тогаш судот нема никаква јурисдикција и не може ништо да направи.Едноставно со една дипломатска нота повикувајќи се на овие членови од Виенската конвенција на договорното право можеме да го раскинеме договорот кој според наше видување е нелегален бидејќи е геноциден и се оспорува правото на културен идентитет.Тоа право кога е оспорено можеме да вршиме постапки за рушење на договорот-oценува професорот од Белград.
За професорот Јанев е неважно кој не го почитува Договорот од Преспа, Македонија или Грција.
За всушност е небитно кој не почитува еден нелегален договор. Кога се работи за нелегален договор сосема е нерелевантно кој не го почитува иако Грција е таа која не го почитува со нератификацијата на протоколите.Доколку договорот е нелегален со кој се крши правото на колективното право на национален идентитет за мене е небитно дали го крши Македонија или Грција.Кршење на нелегален договор не произведува никакви последици.
Јанев потсетува дека Грција се однесува исто како со Времената спогодба од 1995 година.
И тогаш ние мораше сѐ да ратифиуваме а тие не ја ратификуваа Времената спогодба.Сега нема ни ова да ги ратификуваат протоколите. Со овој договор сѐ што е македонско е всушност грчко.Ние имаме правно ограничување и не сме Македонци бидејќи ако сме Македонци зошто би имале модификатор на идентитетот.Модификаторот на идентитетот покажува дека ние ниту сме биле ниту дека сега сме Македонци. Тоа е нелегално бидејќи никој не смее на друг да му го модифицира идентитетот. Сите идентитетски договори се нелегални.Идентитетскиот договор со Бугарија како и идентитетскиот договор со Грција се нелегални. Сите тие договори се нелегално и затоа е неважно дали Македонија го испочитувала или не. Со ставање на „Северна“ пред идентитетот за да кажеш дека овие се Македонци.Ако е тоа така имаме работа со договор кој мора да се раскине.Ако не може да се поништи по нормален пат тогаш се раскинува со дипломатска нота-објаснува Јанев за „Република“.
Професорот има разбирање за постапката на претседателката Силјановска да не го употребува зборот „Северна“.
Таа знае дека тоа е индивидуално право.Тоа не e индивидуално право на претседател, министер или на премиер, тоа е индивидуално право кое се однесува на целиот народ, да се наречеме како што сакаме .Taa има свое лично право да се нарече Македонка и да својата држава ја нарече Македонија. Претседателката ова свесно го направи знаејќи дека тоа потпаѓа од индивидуални човекови права и поради тоа индивидуално право го поседува.
Споредувајќи ги двата договор, со Грција и со Бугарија, Јанев смета дека поштетен е преспанскиот.
Преспанскиот договор бара порадикални чекори за раскинување. За бугарскиот договор отказниот рок е една година и тој престанува да важи.Згора на тоа, секоја страна може да го повлече доколку смета дека е штетен.Меѓутоа и едниот и другиот договор делуваат во ист правец.Едниот го ништи идентитетот го калеми својот идентитет како наш, го преставува бугарскиот идентитет како македонски, всушност ги асимилира Македонците.Едниот е анихилаторски договор со кој се врши национална анихилација-тоа е преспанскиот, а другиот да го поништат идентитетот и да вградат свој а всушност се врши асимилација.Тоа е тој процес на бугаризација. Ако се раскине договорот со Бугарија ќе се спасиме и од Преговарачката рамка бидејќи основата на таа рамка е бугарскиот договор.Ако се раскине ќе треба да се менува и таа рамка.
Коментирајќи го гласањето за Резолуцијата за геноцид во Сребреница во Обеднетите нации каде одлука беше донесена иако бројот на гласови „за“ отколку „против“ и „воздржани“, професорот објаснува дека таков е принципот на носење одлуки во Генералното собрание.
Тоа е така бидејќи кога се гласа за општи и политички работи правилото во Генералното собрание е гласање од присутните во салата.Доколку ние на пример го раскинеме преспанскиот договор ќе се отвори прашање во Обединетите нации да се врати БЈРМ. Ако тоа се стави на гласање дали ние можеме да го продолжиме членството во ОН исто ќе се гласа со просто мнозинство од присутните во салата кои гласаат.Значи тие што не се присутни веднаш се елиминираат.Оние што се присутни се делат на тие што се воздржани и на тие што гласале „за“ и „против“. Ако ние имаме 80 членки присутни во салата нас ќе ни треба 41 членка а 39 на страна на Грците да бидат против за да го продолжиме членството-објаснува Јанев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.