СОС Детско село, на Годишен настан, додели признанија на корпоративни донатори и поддржувачи на работата на оваа организација за 2022 година, под покровителство на сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.
Добитници на статуетка за најголеми корпоративни донатори во 2022 година се Нептун Македонија, Македонија Осигурување Vienna Insurance Group, Алкалоид АД Скопје, Пивара Скопје, Флекс кредит.
Додека, статуетка за најголеми партнери за поттикнување на донаторството се Веро маркети, ЈП Водовод и канализација-Скопје и Ракометната федерација на Македонија.
Статуетка за најголеми донатори за донации во добра во 2022 година добија Microsoft Македонија, Гранит АД Скопје и Охрид АД Скопје.
Од СОС Детско село плакети за значаен придонес и поддршка во 2022 година година добија – „Пакомак“, НЛБ Банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, „Лимак холдинг“, Иуте кредит“, Халкбанк АД Скопје, А1 Македонија и „Гранит“ АД Скопје.
За значаен придонес и поддршка, СОС Детско село и додели благодарница на австрискиот амбасадор Георг Вуцас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.