Службениците на Фонд за здравствено осигурување преминуваат на работа преку хартија, додека траат проблемите со софтверот на ФЗОМ.
Ваква е одлуката на седницата на Управниот одбор на ФЗОМ. Ќе се работи преку хартија сѐ до отстранување на техничките проблеми со софтверот, информира претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова.
Таа за МИА појаснува дека станува збор за издавање потврди на пациентите од страна на ФЗОМ за ортопедски помагала, фактурирање на докторите за месец февруари и Комисиски решенија за продолжено боледување.
Воедно, д-р Чолакова Дервишова појаснува дека нема никакви проблеми со упати, рецепти и прегледи кај матичните доктори, кои и понатаму се издаваат електронски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.