Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски се обрати од Мечкин Камен, каде што се одржува централната прослава на 121 година од Илинденското востание. Во говорот Мицкоски се осврна на идејата вградена во Крушевската Република, но и на темелите кои почиваат на повикот за единство. Сепак, тој изрази и страв дека токму тие темели денеска се длабоко разнишани.

Навистина посакувам секоја генерација да создава и остава зад себе меморија и дела за тоа како се гради, инвестира и создава. Многу ќе беше полесно, многу ќе беше поедноставно доколку една генерација го наследи делото и продолжи она што го градела претходната. Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри.   

И не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на владата ѝ оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без каква било организираност.

Политиката на ниски страсти која ја води опозицијата за Мицкоски е недостаток на визионерство.

И додека го држам овој говор сакам да им одадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ние ќе продолжиме да го даваме својот максимум независно од се што зборува опозицијата, рече Мицкоски наглаувајќи дека нема да го оптоварува говорот со главната политичка преокупација на опозицијата – разградување на единството .

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.