Преку Куманово, на влезот во Овчеполието се наоѓа селото Градиште. Македонско село со помалку од двесте жители. Куќите трошни, но сè уште живи. На крајот од селото се наоѓа куќата на Добре и Василка Лазаревски, каде во трошната, и во распаѓање куќа живееа до скоро со нивните 5 деца, Ивана, Ангела, Јован, Велика и Јована.

За месец и половина од обзнанувањето на емисијата „Срце на дланка“, тие добија топол дом, нов мебел, облека, храна, објави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

И знам дека тоа тој кој го обезбеди и покрена сето ова нема да го каже до крај, но сметам дека треба да се знае за да служи за пример кој треба да биде следен.
Без многу двоумење со голем ентузијазам говореше за потребата да се помогне на ова семејство иако не сакаше да се знае за тоа се додека не биде се готово.
Сите помагавме, а највеќе човекот Христијан Мицкоски кој раководејќи се од тоа дека раката која дава не суши, и стотиците други случаи каде помогнал без да се знае, а за кои ние кои работиме со него знаеме по нешто за тоа, сакаше да измами насмевка и малку среќа за ова семејство.
Вчера конечно семејството доби пристоен дом, а малите Ивана, Ангела, Јован, Велика и Јована многу радост.
И секако на крај би додал нешто за општествената дразба и определба на оние гласни поединци и политички центри да го напаѓаат токму Мицкоски, оној кој дава без да праша, и е предмет на најбруталната црна кампања, на многу невистини и лаги, на сите оние кои стојат зад тие пера, би им порачал само едно-има разлика, добрината е таа што е најголем непријател на вашата злоба, и да таа добрина ќе победи!, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.