Набавката на лесните оклопни возила е еден од осумте клучни проекти за вооружување на Армијата, рече министерката за одбрана.

Договорот е склучен минатата година, а оваа година веќе пристигнаа првите шест лесни оклопни возила. До 2028 година, треба да пристигнат 96 вакви возила, а до крајот на оваа година очекуваме да бидат испорачани уште нови 27 возила од ваков тип. Оклопните возила се веќе дел од арсеналот на Армијата и нашите војници веќе се обучуваат за нивно користење, истакна министерката Петровска во денешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Одлуката за американска поддршка во висина од 40 милиони долари за македонската одбрана е приказ за стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу нас и САД. Оваа поддршка е за нас, но и за безбедноста на сите НАТО земји, зашто сите сме дел од колективната одбрана на Алијансата, рече Петровска.

Министерката за одбрана посочи дека Петровска нашата Армијата е секогаш подготвена да одговори на сите предизвици, додавајќи дека вежбата „Блесок 22“ која се реализираше во април годинава, и оценувањето на лесниот пешадиски баталјон кој беше сертифициран по НАТО стандарди се потврда за тоа.

Оваа оценка која лесниот пешадиски баталјон ја доби ја отсликува реалната подготвеност на оваа единица, рече Петровска и посочи дека ова претставува најпрактичен пример како се демантираат сите лажни натписи и обвинувања  дека нашата Армија е неподготвена и неопремена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.