Гоце Бумбароски, наставник во основно училиште е револтиран од последната одлука на Министерството за образование и наука со која им се забранува на учениците да пишуваат во учебникот по математика за четвртто одделение. Тој прашува до кога во образованието ќе одлучуваат луѓе кои не поминале ниту еден ден пред зелената табла со креда во рака.
Минатата недела конечно добивме учебници по Македонски јазик и Математика за IV одделение, по три месеци од почетокот на учебната година. Ден – два потоа пристигна допис (информација) од МОН дека учениците не смеат да пишуваат во учебникот по математика. Три месеци работиме без учебници и откако пристигнаа – не смее да се пишува во нив, каква иронија…, вели Бумбароски.
Тој прашува зошто не смее да се пишува.
Нели истите се конципирани во форма на работни тетратки каде што зададените задачи и активности меѓу другото налагаат и решавање во самата книга.
Дури и текстовите на задачите се насочени во тој правец.
Ги повикувам од МОН на чело со министерот да си ја преиспитаат оваа несериозна одлука и ведаш ја повлечат.
На моите ученици нема да им го скратам правото да пишуваат во учебниците. Тие се за нив и ќе ги користат онака како што треба, вели Бумбароски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.