Држава во која било пракса со молба да се дозволи полагање правосуден без завршен факултет никогаш нема да биде правна држава, смета адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска вчера во „Топ тема“ кажа дека дека предвременото полагање правосуден испит било масовна појава, кога и синот на Талат Џафери, Барлет Џафери положил правосуден испит пред да дипломира.

Држава во која од Академијата за судии и обвинители не гледаат “ништо спорно” во тоа што било пракса СО МОЛБА да се дозволи полагање правосуден испит без завршен факултет, во која државен факултет за завршени 3 години давал потврда како за завршени 5 (во над 400 случаи потврдени од инспекторатот) и во која чуваме документи за положен правосуден пократко од што чуваме сметки за струја, вода и парно, никогаш, ама ни-ко-гаш нема да биде правна држава.
Следно на темава можеби ќе се навратиме кога детето ќе стане судија. И толку ќе биде, смета адвокатката Јошевска Анастасовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.