Државната комисија за спречување корупција до Владата побара барање за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи не реагирал навремено за техничќкиот преглед на автобусот на Беса Транс кој изгоре во Бугарија со 45 лица.

Министерот не реагирал навреме и да донесе решение за забрана за вршење технички преглед на станицата „Виа Комерц“, која во меѓувреме дозволила транспорт на автобусот „Беса Транс“.

ДКСК утврдила дека Спасовски не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

Дополнително, Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, а Антикорупциска сите докази кои ги има ќе ги достави како дополнување на доказите во обвинителството.

Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.