Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) смета дека е неопходно да се направи антикорупциска проверка на два члена од Законот за води, со цел да се оценат корупциски ризици кои може да настанат од ефектот на загуба на вода.
Предлогот произлегува од разгледувањето на пријава на денешната 60-та седница на ДКСК, за која Антикорупциска не е надлежна со оглед дека сите надлежни органи постапиле, но пак е идентификувана правна празнина во Законот за води, кои пак оставаат корупциски ризици, и тоа во членовите 28 и 230 од Законот за води.
Шемши Салаи, член на ДКСК, појасни дека пријавата е од Државен инспекторат за животна средина и се однесува за незадоволство од донесена одлука од Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, како и од донесената судска одлука на Основен кривичен суд Скопје по однос на изречени инспекциски мерки и поднесено барање за поведување прекршочна постапка против ЈП „Водовод и канализација“ Скопје и неговото одговорно лице заради измена на дозвола за користење на вода за водоснабдување од изворите Рашче и бунарско подрачје Нерези и Лепенец и неуплатени надоместоци за полевање тревни површини.
ДКСК констатира дека во конкретниот случај се работи за управна постпка, по основ на извршен инспекциски надзор, изречена инспекциска мерка и поништено со мериторна одлука од надлежен второспетен орган и изречена прекршочна санкција, која со одлука на надлежен суд биле ослободени од одговорноста, јавното претпријатие и одговорното лице. Според тоа ДКСК нема основ за покренување каква било постапка, појасни Салаи.
Ценејќи ја содржината, нагласи Салаи, на одлуката од надлежниот второстепен орган дека во член 28, став 2 од Законот за води не е пропишана дозвола за користење вода за полевање јавно градско зеленило, како и дека во таа смила со член 230 од истиот закон не е предвидено носење решение за управна санкциска постапка, ДКСК најде дека е неопходно да се врши антикорупциска проверка на легислативата на тие одредби од Законот, со цел да се оценат корупциски ризици кои евентуално би настанале од ефектот на загуба на вода во ваква идентификувана правна празнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.