Загрижувачки е податокот дека од одговорите што ги добивме од институциите произлезе дека повеќе од 50 проценти од предложените активности воопшто не се започнати односно 53 проценти од активностите не се започнати со реализација, изјави Билјана Ивановска, претедател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во однос на активностите предвидени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судорот на интереси 2021 – 2025 за периодот од 01.01.2021 до 31 31.12.2021 година.

Додаде дека се реализирани само 20 проценти, а во 27 посто реализацијата е во тек.

ДКСК ќе иницира до Собранието, да се предложи одговорност и отчетност за оние одговорни лица што не ги спроведуваат активностите предвиднеи со Стратгегијата, дотолку повеќе што  е изгласана во Собранието и треба да се почитува исто како и изгласаните закони.

Во однос на активностите од стратегијата, информираа од ДКСК, во правосудството има висок процент на реалзиација на активностите, но тие активности се однесуваат на одржани обуки, подобрување на етичките кодекси. Во медиумите и граѓанското општество има 67 посто реалзиација наактивностите, во јавните набавки има 33  проценти реализација, а во образование 22 посто реалзиација на активностите.

Имаме три сектори, труд и социјална политика, земјоделство и спорт, каде имаме нула проценти реализација на активностите. Тоа е навистина загрижувачко, изјави Ивановска.

Потенцира деке има сектори каде нема предвидено активности за оваа година, а од предвидените за во 2021 година најнизок степен на реализација на активностите се забележува кај Министерството за информатичко општество и администрација, и министерствата за здраватсво и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По усвојувањето на извештајот во Собранието за реализацијата на стратегијата, како што информира Ивановска, ќе се предложат измени односно од досегашната работа произлегува дека треба да се додадат функционирањето на инспекциските служби и грижата за државиот имот.

Овие проблеми се провлекуваат во повеќе сектори, но ние сакаме да ги истакнеме како позначајни проблеми, изјави претседателката на ДКСК.

Промени ќе претрпи Стратегијата и во делот на роковите, затоа што голем дел од активностите не се извршени во 2021 година, а биле предвидени.

Тоа се некаде околу 89 активности и овие активности ќе мора да се префрлат во 2022 година, за која веќе има предвидено 80 активности. Сега во 2022 година ќе мора институциите да спроведат 169 активности, што е навистина многу, но ќе мора некако да се поттикнат и да си ги завршат своите обврски и задачи, потенцира Ивановска.

ДКСК до Собранието ќе предложи да се воспостави механизам за контрола за институционална одговорност за реализација на активностите, затоа што, нагласи претседателката на Антикорупција, има недоволна одговорност од страна на институциите.

Одговарајќи на новинарски прашања членовите на ДКСК денеска се осврнаа и на предметите со лифтовите „Дака“, со случајот „Палермо“, како едни од последните кои предизвикаа интерес кај јавноста, при што посочија дека уште многу треба да се работи во однос на реформите во правосусдтвото.

Не ни требаат нови надлежности, притисокот заедно со медиумите и граѓанските здруженија е нашата сила, нагласија од ДКСК.

Информираат дека секогаш најмногу пријави, предмети и работа за корупција, нагласуваат и информираат дека имаат примено 600 пријави. Од нив, 162 се отфрлени затоа што ДКСК нема надлежност да постапува или немало доволно елементи, а донесени се 390 одлуки. Шест пријави се дадени до други органи, најчесто до Судскиот совет. До Јавното обвинителство  се поднесени седум иницијативи за кривична одговорност, а пет иницијативи до други надлежни институции з аутврдување на одговорност на лице именувано од нивна страна. Оваа година биле поднесени 1411 изјави за судир на интереси.

Антикорупција во извештајот има и за состојбите утврдени во изборните кампањи и во таа насока порачуваат дека има доста наоди, за што се дадени од нивна страна препораки и заклучоци.

Има потреба од системски промени на Изборниот зкаоник и на Законот за финансирање на политичките партии, оценуваат од ДКСК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.