Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница едногласно го усвои Правилникот за управување со судир на интереси и пријавување на дополнителен ангажман за службените лица во ДКСК. Овој правилник е внатрешен акт на ДКСК, а се однесува на претседателот, членовите на ДКСК и сите службени лица во ДКСК.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека како превентивно тело, кое треба да даде пример за другите институции, овој правилник комисијата ќе го достави и до останатите институции врз основа на што ќе можат и тие да ги уредат овие работи.

Правилникот е поделен во две глави, првата е за постапување при сомневање за постоење на судир на интереси, а втората глава е за начин на пријавување на дополнителен ангажман.

На почетокот на денешната седница, ДКСК ја избра Катица Николова за нов заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, со важност од 8 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.