Првиот поголем судир со хиерархијата како обвинител ја имав кога одбив да се покорам на сугестиите да изземам од кривичен прогон еден соработник на службите кој во тој момент беше лидер на една од верските заедници. Останав на своето до крај, ама хиерархијата ми нарача притисок во вид на постапка пред Етичкиот комитет на Обвинителството, а потоа и дисциплинска постапка, напиша на Фејсбук, Војо Димовски.
Како човек кој по силата на јуристичкото образование верува во формата, решив да побарам заштита од Здружението на Јавни обвинители каде што членував.
Се откажав во моментот кога дознав дека претседател на тоа здружение е токму истиот тој кој е претседател на етичката комисија . ❤
Но тоа не се!
Истиот тој “талентиран” правник е и претседател на дисциплинската комисија! ❤
И тоа не е се!
Истиот тој незаменлив правник е кандидат за уставен судија! ❤
Не знам што и е планот на Вилма, ама кога јас видов дека Обвинителството е болно од метастазиран канцер, решив до крај да ги терам постапките кои ми ги иницираа. Да не се лажеме: исходот ми беше јасен но ми беше сеедно бидејќи пред години бев донел одлука дека не сум за тоа друштво, па решив да соберам доволно пишан материјал кој ми е граѓа на книгата што ја пишувам. Час поскоро ќе ја завршам, со оглед дека многу од актерите се луѓе во години, па иако пројавуваат кариерни амбиции како да се на триесет години, сепак се детерминирани во времето како секој што се родил смртен.
Читајте ме. Забавата допрва почнува. Лесно ни е нам што се раѓаме со пушка на рамо. Нашите плеќи можат да носат товар. Тешко на овие во сиви оделца и со тесни рамења.
Мир на сите!, пишува Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.