Претседателот на Социјалистичката партијана Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски Г.г. Стефан и до сите христијански верници.

-Со особена радост и задоволство празнувјќи го најголемиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, темелот на христијанството, дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Синод на православните верници на МПЦ во земјата и во странство и на сите христијани, од името на членството на Социјалистичката партија на Македонија и од мое лично име да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов, а на сите граѓани спокој во секој дом и во сечие срце. Овој ден е возвишен зашто е празник во кој се обновува животната радост и од кој што извираат љубовта и надежта, ден кој ја раѓа богоугодната радост. Затоа потребно ни е да не се делиме од вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието и да живееме со добри дела.

Овој најголем христијански празник е можност да се истакне длабоката увереност дека древната Македонска православна црква ќе продолжи со ширење и јакнење на верата, во јакнење на наионалната свест и во јакнење на меѓунационалната и мулти-конфесионалната толеранција.

-Нашата Македонска православна црква е вткаена во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет.
Оттаму сознанието дека обединети околу учењето на Христа можеме заедно нашата Татковина да ја направиме поубава за сегашните и идни генерации, а на нашиот македонски народ како никогаш досега му е потребна сплотеноста и единството како услов за неговото опстојување и сочувување на македонската држава. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов. Нека ни е честит Великиот ден-Воскресение Христово и нека Господ нé обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме, негуваме  она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Нека ни е за многу години големиот празник!  ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!, стои во честитката од претседателот на СПМ Димовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.