Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор се во синергија, онаква каква што е и синергијата на односите помеѓу Бугарија и Грција за македонското прашање во последните 100 години, пишува Илија Димовски на социјалните мрежи.
Воспевањето на едниот договор со вплетена критичност кон другиот е или политичко лицемерие или гола историска и политичка неписменост…
Член 7 од Преспанскиот договор, каде што ни се редефинира, ограничува и дели македонскиот идентитет, е вратата низ која Бугарија ги отвори идентитетските прашања низ призмата на својот бугарски интерес…
Ако сте се дрзнале да им дадете на Грците редефинирање на идентитет, потоа вие како политичка гарнитура смешно е да им кажете на Бугарите дека се безобразни кога го бараат истото…
Ја утнавте скроз, и тие што си одите од Влада и тие што останувате. Дадовте се, ништо не добија граѓаните на Македонија…
На Македонија и престојат тешки и напорни години за реституција на националните и државни позиции градени со Илинден, АСНОМ и 8 септември 1991…, пишува Димовски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.