В.д директорот на јавното претпријатие Водовод и канализација кон 30-тина работници се однесува како деспот и ги крши работничките права. Ова обвинување го изнесе првиот човек на ССМ, Дарко Димовски кој обвинува дека незаконски директорот давал работни задачи и префрлувања на работно место на одредени работници, иако такви задолженија ги немале во договорите за работа. Како што вели тој, го пријавиле ова во Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, од каде добиле одговор дека директорот постапува незаконски и ги крши работничките права.

Димовски вели дека имале средба со директорот, кој немал слух за овие жалби. Напротив, вели Димовски, лицето задолжено за правни работи во ова претпријатие, му сугерирало на директорот дека постапува законски.

Незаконски се делат некакви задолженија, како магационер, а не како директор и се задолжуваат нашите работници да извршуваат плус работни задачи на некое си место кое не е предвидено со договорот за работа. Не може хидроинжењери да праќаме по чуварски куќички и пумпни станици. Не може работници на специјални возила да седат во базата да не работат ништо затоа што не му се допаѓале на в.д директорот Марјан Митовски – вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.