Се радувам што го гледам ова овде во општина Кочани, реализација на проекти и на ветеното. Тоа е она кое што ги интересира граѓаните во овие тешки моменти во исклучително голема енергетска и финансиска криза. Пред се морам тоа да го кажам како резултат на неспособноста и неинвентивноста и немањето на план и стратегија на владата, изјави денеска Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој беше во посета на Кочани.

Но, ме радува фактот на локално ниво тоа што беше ветено се испорачува, еве самиот градоначалник слушавте кога кажа дека повеќе од милион евра или 65 милиони денари се вложени во проекти во 2022 година, од сопствени средства што во услови на ваква економска и енергетска криза, навистина претставува огромен подвиг. И јас ја користам оваа прилика да му честитам нему и на тимот кој што работи со него, а реализирацијата на проекти е околу 72 милиони денари, што значи милион и 200 илјади евра се практично нови проекти овде во Кочани, рече Мицкоски.

Мицкоски рече оти посакува така да продолжат и во периодот кој што следи.

Набрзо од денеска после победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори и формирањето на владата поддршката од таа влада овде во Кочани јас се обврзувам и ветувам дека ќе биде многу поголема од тоа што е сега, и ќе престанат опструкциите кои што ги има локалната самоуправа, не само овде во Кочани, туку насекаде низ Македонија, зошто не се дел од коалицијата на СДСМ и ДУИ.

Но, продолжуваме да се реорганизираме, да работиме и многу е важно како што започнавме така и да продолжиме во следните три години од мандатот. Продолжуваме да градиме додека некои продолжуваат да крадат. Народот ќе се ослободи, а со тоа Македонија ќе се ослободи од оваа неспособна, криминална и корумпирана власт, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.