Зоран Димитровски од Демократски сојуз ги потврди шпекулациите дека зад претепувањето на Пендиков стојат нарушени дилерско-доверителски односи. Димитровски ги пренесува зборовите на премиерот Ковачевски, кој бил информиран директно од МВР. Ковачевски на владините коалициски парнери им реков дека станува збор за тепачка за наркодилерство, за долг од 500 евра и кој што подолго време го барале и дека во таа тепачка имаме елементот на омраза.
Кога кажавме дека ЈО поднело за омраза и премиерот тогаш ни раскажа, дека кога се направила полициска истрага, министерот за внатрешни работи се јавил на министерот за внатрешни работи на Бугарија и му го кажа сето тоа и обвинителството ќе истражува понатаму дали има и други мотиви, рече Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.