Алијанса на Албанците и без влегувањето најавува дека би гласала за уставните амандмани, што значи дека доколку овој чекор се случи не прави разлика во таа смисла, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во Тема на денот во дневникот на телевизија Сител говорејќи како гледа на најавеното влегување на Алијанса на Албанците во владата на СДСМ и ДУИ.

Димитров смета дека владата во немоќ да испорача вистински реформски чекори се обидува да избега од одржување на предвремени парламентарни избори со оглед на бројките и анкетите кои се многу лоши.

Мислам дека повеќе се работи за крпење и лепење на една дупка која што станува се поочигледна и поширока, а што анкетите ја покажуваат а тоа е дека за жал се изневерија надежите и вредностите на Шарената револуција. Имаме еден многу лош исход од овој проблем и маките со Бугарија, и има една немоќ да се испорачаат вистински реформски чекори дома. И затоа ова не може да биде ништо друго, освен обезбедување на уште некое време за да не се оди на избори брзо, туку да се оди на избори идната пролет за да се зголеми мнозинството бидејќи бројките и анкетите се многу лоши, да се купи уште некое време, за жал за поприлично спорно владеење и тоа го гледаме, истакна Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.