Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, iнституција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својатабезбедност“.

Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата – дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот – својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе нѐ биде.
Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!?
Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.