Екс министерот за надворешни работи Никола Димитров, вечерва во „Клик Плус“ зборуваше и за уставните измени кои се неопходни за продолжување на патот.
Димитров ја нападна власта дека го злоупотребува европското знаме за гласање на закони, и предлогот на опозицијата за „уставните измени да стапат во сила кога ние ќе влеземе во ЕУ“, го оцени како мудар.
Ако знаеме дека после уставните амандмани, можно е да имаме нов проблем со историската комисија, а тоа го пишува во документот. Ние сакаме да станеме членка на ЕУ, не да ги почнеме преговорите. Не сме ли одговорни патот да го подрастчистиме, затоа што имаме еден куп пречки. Се сложувам дека опозицијата треба да има стратегија и да им ја кажат на граѓаните, но морам да признаам дека тие дадоа мудар предлог, што не беше нивен, туку се создаде некако сам во граѓанството, а тоа е уставните измени да се изгласаат денеска, а да стапат во сила кога ќе влеземе во ЕУ. И тука Владата тоа не го зема сериозно, туку кажаа популистички „еве опозицијата се согласи“. Многу немудро се води овој процес од страна на власта, и тие може да мавтаат со европското знаме колку сакаат, но го извалкаа европското знаме, особено со гласањето на кривичниот законик. И, мислам дека е потценување за граѓаните ако од власта мислат дека така евтино ќе помине ова.“, изјави Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.