На обвинувањата дека со години молчел, поранешниот вицепремиер Никола Димитров одговори со колаж со наслов „Како ‘молчев’“.
Потценувањето на јавноста и играта на картата дека граѓаните помнат како златни рипки се застрашувачки за една демократија. Пет минути на интернет се доволни за да се види “молкот” во јавноста. Замислете колку сум “молчел” зад завеси… Сакам да ги разбијам и затворам тие тези. Веќе нема да коментирам лични напади врз мене. Како вели Сократ – кога ќе ја изгубат дебатата, навредите се алатка на губитниците. Преважно е ова прашање за да дозволиме дефокус и манипулација, пишува Димитров и споделува наслови од портали објавувани лани, откако МНР му припадна на Бујар Османи.
Опозицијата го обвини Димитров дека однапред знаел за подготовката на штетен договор со Бугарија, но додека бил функционер во Владата молчел.
Откако видел дека нема да биде член на Владата, се решил да прозбори, што е неморално. Во секој случај, ризикот од ваквиот договор не се намалува и затоа треба да бидеме сериозни и внимателни, изјави поранешниот министер за надворешни работи, пратеникот Антонијо Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.