Договорот во Нивици потпишан 2018 им направи хаос на граѓаните. Од џеб ги плаќаат сите нови документи, за кои Никола Димитров како тогашен министер за надворешни работи стави потпис во Нивици, молчеше, за денес да се свести дека она што министерот внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, го даде како предлог било добро решение. Вели два чекора се потребни за решение на огромниот проблем со патните исправи, сообраќајните и возачките дозволи, што, како што стои во неговит статус, го направила државата, на штета на граѓаните, издавајќи документи на стари обрасци и со рок на важење по 12 февруари 2024

Два чекора се потребни за решение на огромниот проблем со патните исправи, сообраќајните и возачките дозволи, што го направила државата, на штета на граѓаните, издавајќи документи на стари обрасци и со рок на важење по 12 февруари 2024:
•Прво, предлогот на министерот Панче Тошковски е сосема на место.
Потребни се најитни измени на законите за патни исправи и за безбедност во сообраќајот, со нови рокови врз основа на реален план и реални капацитети за издавање на нови документи и тоа на трошок на државата.
На трошок на државата, се разбира, затоа што со сопствената неорганизираност, грешки и непочитување на сопствените закони, надлежните и тоа како се дел од причините за хаосот со личните документи.

•Второ, треба итна дипломатска акција со Грција, што требало да се направи уште далеку пред ова прашање да излезе од контрола. Државната агенција МИА повикувајќи се на грчки извори јави дека никој од наша страна не се обидел да најде разбирачка.
Двете страни доцнат со спроведување на свои обврски, двете страни имаат интерес да не создаваат дополнителен отпор против договорот, и двете страни имаат интерес од непречено преминување на границата.

Дури и да нема разбирање, а би требало да има, постојат многу правни аргументи и од аспект на билатералниот договор и Виенската конвенција за договорно право, и од аспект на човековите права, вклучувајќи ја слободата на движење, како меѓународни норми јус когенс, на кои можеме да се повикаме, за да се реши проблемот на македонските граѓани.

Преспанскиот договор е обврска на двете потпишани страни, тој е жив процес и потребна е негова доследна имплементација низ добра волја и пријателство.

Оттука, како што Договорот не може да биде алиби за неспособноста на системот да одговори на базичните потреби на граѓаните, согласно закон, создадениот колапс не може да биде оправдување за негација на неговата суштина – стои во статусот на Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.