Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски не е изненаден од резултатите постигнати во првиот круг од претседателските избори.

Јас гледам луѓе, не гледам гласови. Уште повеќе ми значи трендот и поддршката којашто доаѓа во овие тешки моменти од страна на граѓаните, бидејќи сметам дека во јавноста тлееше едно старо правило дека освен два политички субјекти во Македонија не може да се појави трета опција, трет политички субјект. Еве тоа е Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Горд сум на секој глас, благодарен сум на сите гласачи и особено благодарен на сите коишто излегоа на изборите и апелирам да излезат уште помасовно на парламентарните избори.

Запрашан дали има остварено комуникација со другите политички субјекти по првиот круг, тој рече дека добил куртуазни пораки од поединци , луѓе позиционирани во вторите ешалони, а дека тој лично се јавил на противкандидатката со најголем број освоени гласови да и честита на резултатот. Димитриевски потенцира дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија којашто ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп, којшто се случува, ниту пак ќе се вклучи во каков било тип на соработка, идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив. Тој притоа додаде:

„Еве и екслукзивно да кажам во вашата емисија. ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна коалиција, постизборна коалиција, во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер , а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на коруција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едносставно да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава. Дополнително ќе разговараме со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес на Македонија во рамките на нашите програмски заложби. Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европскаата Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме и претставивме пред граѓаните“.

Запрашан дали ова значи дека ќе работите на промена на Уставот, Димитриевски рече дека тој во Куманово веќе функционира со една коалиција од албанскиот блок, тоа се четирите партии, коалицијата Вреди и има добро искуство со нив. Во однос на барањата за промена на процентите, изборот на претседател во собрание, Димитриевски потенцира дека тоа апсолутно отпаѓа и нема да се дискутира воопшто од нивна страна за тоа.

Доколку се отвори јавна дебата, ќе ја ислушаме, но нашиот став е дефинитвно јасен. Доколку бидеме одбиени од сите потички субјекти кои доаѓаат од моноетничките партии, ставот го имам кажано, да се формира влада со политички партии кои имаат мнозинство, а ќе има отворени места за претставници од албанскиот политички блок“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.