Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 коментираше изјава на претседателот Стево Пендаровски каде истакнал „народот на Македонија“.

„Не народот, туку граѓаните кои што живеат таму. Тоа е срамна фраза да излезе од устата на еден претседател на држава кој што граѓаните го имаат бирано. Кога некој кој е врховен командант се срами да каже дека тоа е македонски народ и сите останати народи кои што живеат во оваа држава, тогаш треба да се постави под знак прашање зошто сме го поддржале тој човек да ни биде врховен командант?“, вели Димитриевски.

Тој упати јавно извинување кон граѓаните што си дозволил да го поддржи претседателот Стево Пендаровски на изборите.

„Јавно се извинувам на граѓаните што си дозволив тогаш да го поддржам, бидејќи сметам дека со неговите постапки не ги оправдува моите очекувања и очекувања на граѓаните, од кој што јас барав да дадат поддршка“, порача Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.