Помпезно се најавуваше дека инвестицијата која наводно ја донела Владата, односно Лидл е инвестиција која ја обезбедила Владата, а не ја донесе. Во моментот влезот на Лидл е блокиран од државната власт. Врхушката од власта за тоа не знае, но го прават поединци коишто се добро поврзани на интерминистерско ниво помеѓу себе. Инвестицијата е блокирана, а всушност еве сега за таа работа да го прашате Ковачевски, самиот не знае. Во моментот го блокираше Министерство за транспорт и врски и времето ќе покаже кој стои позади оваа одлука, вели градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24.

Зошто не дозволуваат да се вцрта и да се измени моменталниот урбанистичкиот план, да се спојат маркиците каде што ќе се дозволи на инвеститорот да гради еден голем објект со инвестиција од над 80 милиони евра? Зошто тоа се прави, јавно прашува Димитриевски, потенцирајќи дека позади блокадата на оваа странска инвестиција во Куманово стојат намерите ова земјиште да се купи по принцип како во минатото за евро и пол, а потоа да се препродава на трети лица кои ќе инвестираат во индустриската зона.

Ако е успешна инвестицијата, земјиштето ќе се продаде сигурно над 20-30 евра по метар квадратен на странскиот инвеститор по пат на лицитација. Но ако немате странска инвестиција таму, тоа земјиште ќе остане и ќе го купуваат како што го купуваа претходно некои инвеститори блиски и до нив и до ВМРО-ДПМНЕ за по едно и пол евро по метар квадратен. Првично земјиштето го купи фирма блиска до ДУИ, којашто понатаму ја препродаде на втори и трети лица и тие денеска инвестираат во индустриската зона”, дополнува градоначалникот Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.