Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за поставување директор на градинката „Ангел Шајче“, соопшти на денешната прес-конференција кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој најави дека решението ќе го обжали пред надлежен суд.

Во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на коешто е потпишана ресорната министерка дека се одземаат ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување на директор во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ и исто така за поставување и разрешување на в.д. директор во оваа институција, изјави Димитриевски.

Тој кажа дека е разочаран и според него се повторува историјата.

Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат и ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата. Со ова само потврдуваат уште еднаш дека имаат за намера спротивно статутот на оваа институција да постават директор во истата институција која веќе незаконски е околу 20 години директор на ЈОУ Детската градинка Ангел Шајче, кажа Димитриевски.

На прес-конференцијата кажа дека ќе ги искористи сите правни средства, решението ќе го обжали пред надлежен суд и дополни дека ќе се залага за поголема децентрализација.

Сметаме дека оваа јавна институција заслужува да има подеднаков третман како и останатите и да излезе од партиските пранги кои во моментот сè се поцврсти, изјави Димитриевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.