Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека имало луѓе кои крвареа за Талат Џафери да стане претседател на Собранието, и потоа се чувствуваш изманипулирано од своите соборци кои ја приватизираа партијата.
„Залогот беше многу голем, затоа денеска повеќе од пола држава ви е разочарана од таквиот однос, и на следните избори претпоставувам граѓаните ќе си го кажат своето“, вели Димитриевски.
Димитриевски вели дека „Францускиот предлог“ го тангирал македонскиот народ, а за него не гласал македонското мнозинство.
„Се поставува прашањето кои се тоа и каде се Македонците во државата и како тоа некој смее да се осмели и да оди против волјата на граѓаните. Тоа што поедини политички субјекти го користеа во тој момент за подигање политички рејтинзи, за создавање на протести“, вели Димитриевски.
Димитриевски рече доколку во протестите не се замешаа политичките партии, тие би биле помасовни и поуспешни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.