Градоначалникот Максим Димитриевски го честиташе „Денот на македонската револуционерна борба – 23 Oктомври“ на сите граѓани, истакнувајќи дека на овој ден се потсетуваме на пожртвуваноста и упорноста на нашите претци, на големата борбата за слобода и независност на Македонија.
“ВМРО е генотипот на секој Македонец, желбата за сопствена државност, борба и саможртва за Македонија, АСНОМ е континуитетот на таа идеологија која резултира со создавање своја држава, рамноправна федеративна единка. Ова се свети симболи за Македонскиот народ кои им припаѓаат на сите граѓани, претставувајќи ја истрајноста на нашиот народ во борбата за слобода и независност. Нашата љубов и почит кон татковината е заедничка, така било, така е, така и ќе остане засекогаш!” потенцираше Димитриевски.
Тој истакна дека сплотени мораме да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери, да ги унапредиме сите општествени сфери и да обезбедиме можност за подобар живот на сите граѓани, во моменти кога сме и најмногу потребни на наша Македонија.
Да живее Македонија, порача Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.