Градоналникот на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски упати честитка по повод денешниот празник, Ден на македонската револуционерна борба.

На 23 Октомври го одбележуваме празникот кој најсилно ја докажува македонската голгота, борба и јасен стремеж кон создавање слободна, суверена и независна македонска држава.
На денешен ден пред 129 години, шестмина млади родољуби ја основале Македонската револуционерна организација. Тогаш се поставени основите на организираната борба која години подоцна ќе кулминира со создавање на самостојна држава за македонскиот народ.
Денес, сонот на овие млади ентузијасти за создавање самостојна Република Македонија е реалност. Да ја чуваме, да ја сакаме и почитуваме нашата татковина!

Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба! – стои во честитката на Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.