Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека доколку биде избран за претседател, нема да потпише закон со кој не се согласуваат граѓаните.

Според Димитриевски, тие кои ги извршуваат главните функции, вклучувајќи го и претседателот на државата, „се слепи послушници на политичките елити кои владеат со државата и преку извршната власт ги контролираат и партиите и законодавниот дом и таа пракса мора да се укине“.

Димитриевски во емисијата „Вин-вин“ на „Телма“ изјави оти влегува во претседателката трка за да победи, а не за да учествува на избори.

Ако ме прашате како, тоа ќе го сторам исто како што го направив на локалните избори во Куманово – со нови луѓе во политиката, поддржани со луѓе кои имаат искуство, со една нова енергија. Мене, Куманово ме научи како да менаџирам. Тоа сакам да го спроведам на ниво на државата, рече Димитриевски.

Тој се осврна и на обвинителниот акт против него, за злоупотреба на службената положба за кој, како што кажа, не е изненаден и обесхрабрен бидејќи со такви постапки се соочувал и во минатото пред избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.