-Стево Пендаровски во оваа кампања ништо не кажа за ДУИ, Ахмети и артаноидниот режим кој го создадоа и го потхрануваат. Во замена за понуда, нудат лаги како оваа… па така, чувствувам обврска да демантирам дека сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана. Сметката на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била блокирана од СЈО, ниту пак сега е блокирана како што тврди тој!, објави, Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил.

Таа потенцира дека, ВМРО-ДПМНЕ со новата гарнитура политичари има позитивни ревизорски извештаи за избори, особено за изборите во 2020 година кога ниту една друга политичка партија немаше. Му препорачувам на Стево Пендаровски да си го погледне финансискиот извештај за кампањата во 2024 година каде како донации нема пријавено ништо и веднаш да одговори како ја финансира својата кампања.

-На крај, колку повеќе лажат, толку подебело ќе загубат. Го советувам Стево да излезе од скутот на ДУИ и ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ОВАА ЛАГА!, нотира во објавата Гордана Димитриеска Кочоска во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.