Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, одговара на прашања за нејзиното учество на претстојните избори, исходот од нив и евентуалната функција ако ВМРО-ДПМНЕ е дел од идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добро ги познава моите квалитети и стручност и најдобро знае каде можам да одговорам со мојот ангажман, вели потпретседателката на опозициската партија Гордана Димитриеска-Кочоска како одговор на прашањето – зошто, иако е потпретседателка, нема да биде носителка на пратеничка листа на претстојните парламентарни избори.
Јас, покрај тоа што сум потпретседател на партијата и, на некој начин, одговорна за финансискиот дел, да не заборавиме дека уште од назначувањето за претседател на партијата на проф. д-р Христијан Мицкоски, бев претседател на комисијата за надзор на материјалното и финансиското работење и тоа, впрочем, е договорот што го постигнавме ние двајца уште во 2017 година кога беше неговиот избор. Како резултат на тоа, мојата приоритетна цел и задача тука е надзор на материјалното и финансиското работење на партијата“, рече Димитриеска-Кочоска, дополнувајќи дека за неа е логично да биде повеќе присутна во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и да ги следи финансиите во текот на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.