Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска во редовна собраниска процедура го поднесе Предлог деловникот за работа на Собранието, кој, како што информираат од собраниската прес-служба, е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне.

Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција, велат од Собранието.

Предлогот, како што посочуваат, е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска форма, а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127-та пленарната седница закажана за 3 октомври 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.