Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Липково. Тој во 10:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, а ќе го посети и Домот на културата, информираат од владината прес-служба.

Во 10:30 часот, Џафери ќе присуствува на настан за реконструираниот локален пат во селото Липково.

За во 11:00 часот, предвидено е премиерот да го посети Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградбата на спортска сала



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.